Жизел Бундшен заводлива само во кожна јакна и потпетици
•
5 септември 2023
Безвременската убавина на супермоделот Жизел Бундшен ја краси септемвриската насловна на францускиот магазин Elle.
Жизел, додека беше во брак со Том Брејди, повеќе се фокусираше на семејниот живот, ставајќи ја својата кариера во втор план.
Сепак, по разводот, таа реши повторно активно да се вклучи во модниот бизнис.
Во последната фотосесија за магазинот, Жизел позира гола, носејќи само високи потпетици и кожна јакна со потпис на Сан Лоран.
Бундшен, 43, заведува со својот сексипил, а во фокус се нејзините извајани долги нозе.
Екс моделот на Викторија Сикрет изгледа подобро од секогаш и самоуверено позира пред камерата, додека ја презентира зимската колекција на брендот.
Фото: Instagram