Ана Еверс е новиот амбасадор на Манго

19 ноември 2014

Шпанскиот моден бренд Манго, го преполни медиумскиот простор со веста дека после неколку сезони на успешна соработка со супер моделот Дарија Вербови, во своите редови ја регрутира манекенката Ана Еверс. Германскиот модел, според многумина претставува модерна верзија на кокетната и легендарна Брижит Бардо, која изминатиов период на своето и онака импресивно портфолио ги додаде настапите на писта кај Стела Мекартни, Изабел Марант, Александар Ванг, Валентино, Миу Миу и многу други, насловните страни на W – magazine за ноември 2014 и Vogue Кина за октомври 2014. Деновиве е особено актуелна со Пирели календарот 2015, на чии страници позира во секси издание.

Ана, боите на Манго ќе ги брани во новиот едиторијал за сезоната пролет – лето, а одговорните од брендот најавија и дека наскоро своите обожаватели ќе ги изненадат со нова рекламна кампања во која токму Ана ја има главната улога пред фотобојективот на Џош Олинс позирајќи во Бруклин, Њујорк. Додека и официјално да излезе едиторијалот, познатиот моден бренд лансираше еден тизер со цел да го разгори љубопитството кај дамите. Фотографската приказна за новата рекламна кампања според одговорните во брендот кои веста ја лансираа првенствено на нивниот он лајн сајт и социјалните мрежи е дека таа ќе биде целосно посветена на лудите 1970 – ти и ќе биде зачинета со боемски шик.

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Актуел