Манго ја замени Миранда Кер со ново заштитно лице

18 ноември 2013

Улогата на заштитно лице на шпанскиот бренд Манго последна ја имаше Миранда Кер. Сега нејзиното место го замени 29 годишната Канаѓанка Дарија Вербови која ќе го краси каталогот за кампањата пролет-лето 2014 година. Претставници на брендот објавија дека Дарија совршено ги претставува вредностите на нивната компанија, нагласувајќи ја нејзината фантастична кариера, префинет вкус и беспрекорен стил. Фотографот Џош Олинс ја овековечи Дарија на Канарските острови во лелеави парчиња со принтови и везови.

 

Објавено:
18 ноември 2013
Категорија: 
Актуел