Познатата спортска двојка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер викендов имаше причина за славење. Тие вчера му посакаа добредојде на синот, кој го доби името Лука.
Тенисерката се породи во болница во Чикаго, а како пренесуваат странските медиуми, Бастијан постојано бил присутен за време на породувањето и ѝ ја давал потребната поддршка.
Ивановиќ сподели и фотографија на својот Инстаграм профил од собата на бебето, изразувајќи ја среќата за доаѓањето на Лука.
Својата радост ја сподели и Швајнштајгер.
„Добредојде на нашето мало момче. Многу сме среќни“, гласи пораката на фудбалерот.
Убавите моменти се споделени со најблиските членови на двете семејства.
Двојката и новиот член на семејството ќе останат да живеат во куќата во која Ана и Бастијан живеат веќе извесно време. Се работи за пентхаус кој се простира на 230 квадрати, а во медиумтие пред неколку месеци осамнаа фотографии како изгледа внатрешноста:
>
>
>