Ана Ивановиќ – од срамежлива девојка до модна инспирација

12 декември 2017

Српската тенисерка Ана Ивановиќ често може да се сретне на листата на најубави жени. Природната убавина и скромноста секогаш ја ставаа во фокусот на вниманието, но во последно време сè повеќе внимание привлекува со модните комбинации.

elle

Во медиумите неодамна осамна веста дека Ивановиќ е во четвртиот месец од бременоста, а на сметка на тоа пристигнаа лавина честитки и коментари како никогаш не изгледала поубаво.

Ако подетално го анализирате стилот на убавата Србинка, ќе забележите дека е љубител на минималистичките комбинации.

Едноставноста ја става во преден план, но досега покажа дека и принтовите знае умешно да ги носи.

Откако се збогува со професионалната кариера и се посвети на семејството и сопругот Бастијан Швајнштајгер со кого живее во Чикаго, Ана вели дека за првпат има дом.

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onJul 13, 2017 at 4:32am PDT

 

„Никогаш немав вистински дом, бидејќи постојано патував. Сега се будам без будилник или некој однапред предвиден распоред. Уживам кога одам на утринско кафе во моето омилено кафуле во близина со сопругот. Ми се допаѓа тоа што секое утре се будам во ист кревет и што веќе не живеам во куфер. Тука се чувствувам како дома“, изјави тенисерката неодамна за магазинот „Чикаго Мод“.

Ова време го користи за маркетинг и модни кампањи за кои е ангажирана. За потсетување, досега красела насловни на бројни познати магазини, а меѓу последните е и бугарското издание на „Ел“.

Во својот гардеробер поседува ексклузивни парчиња од познати дизајнери и брендови, како Стела Мекартни (кои чинат околу 1.000 евра) или пак „Preen“ (чии фустани чинат повеќе од 1.500 евра). Сепак, од друга страна, за еден од најубавите денови во животот одбра едноставна венчаница од непознат бренд, која ја плати околу 300 евра и изгледаше беспрекорно.

 

За потсетување, Ана и Бастијан стапија во брак во јули 2016 година, во романтичната Венеција.

Во продолжение погледнете дел од комбинациите на Ивановиќ, за кои сме сигурни дека ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве инспирираат.

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onJul 6, 2017 at 1:02pm PDT

 

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onSep 14, 2017 at 6:46pm PDT

 

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onJul 28, 2017 at 10:13am PDT

 

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onJul 22, 2017 at 3:12pm PDT

 

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onOct 20, 2016 at 9:04am PDT

 

 

 

фото извор: www.facebook.com/pg/anaivanovic; www.anaivanovic.com; 

Објавено:
12 декември 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.981 пати