Веста на дека Ана Кендрик е девојката од јунската насловна на магазинот „Гламур“ ќе ги израдува нејзините обожаватели. Но, љубителите на модата сигурно повеќе внимание ќе обрнат на комбинациите во кои се појавува. На насловната е облечена во креација на Гучи, додека на фотографиите во интервјуто во здолниште на Клое и кошула со потпис на Соња Рикел, презентира бохо стил.
Исто така, за магазинот таа откри како се чувствува после 30-тиот роденден, што претставува снимањето филмови за неа, како и за стилот во училишните денови, Како вели, нејзините комбинации во тоа време биле инспирации за многу шеги, кои и самата би ги кажувала.
Бел топ и мини здолниште од H&M е уште една нејзина комбинација за магазинот во која веројатно многу девојки ќе се пронајдат. Но, додека да излезе целосното интервју и сите фотографии, ќе треба да уживате само во овие три.