Мерил Стрип и Џони Деп во екранизација на бајките од браќата Грим

27 октомври 2014

Под режисерка палка на Роб Маршал во јануари 2015-та,  ќе имате можност да погледнете нов филм базиран на импресивните бајки на браќата Грим, а во него главните улоги ќе ги имаат: Џони Деп, Мерил Стрип, Ана Кендрик, Емили Блунт и Крис Пин.

Миксот на познатите бајки е атрактивна тема за филмска адаптација, а кога ќе се додадат звучните и веќе докажани актерски имиња, се добива зимски бајковит спектакл. Филмот треба официјално да биде промовиран на 1-ви јануари, а во продолжение, погледнете го видеото во кое актерите говорат за предизвиците во текот на снимањето. Не се сомневаме во комплетниот резултат, а со нетрпение очекуваме да ги видиме и бајковидните костими.

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Култура