Анџелика Хјустон ги продава своите фустани

21 мај 2014

Анџелика Хјустон ќе продаде 150 од нејзините фустани со кои што прошетала низ црвениот килим низ годините, вклучувајќи ги тоалетите на Зак Посен, Џорџо Армано и Мајкл Корс.

„Само што се преселив заедно со мојот сопруг (уметникот Роберт Греам) во Венеција и сфатив дека имам премногу фустани. Сметам дека доста долго време се во мојот гардеробер и заслужуваат да имаат поинаков живот. Мислам дека е погрешно да ги држам скриени до крајот на мојот живот“, открива Анџелика.

Продажбата ќе се одржи во соработка со винтиџ трговскиот центар од Лос Анџелес, познат по тоа што ги продава најлуксузните винтиџ тоалети во Америка. Цената на креациите ќе се движат од 140 долари па се до 2800 долари.

 

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Актуел