За најновата кампања Gap се одлучија да повикаат дел од најславните имиња во шоу-бизнисот наместо атрактивни моделки. Така, ѕвезди на последната кампања на брендот се Елизабет Мос, Џена Малон и Анџелика Хјустон. На нив им се придружуваат Мајкл Вилијамс и Зосија Мамет.
Тимот на Gap се одлучил на ваков чекор бидејќи сакале да ја презентираат и слават индивидуалноста и автентичноста на личниот стил, прашувајќи што значи да се „облечеш нормално“ (Dress Normal), како што е и насловот на кампањата.
Брендот сака со оваа колекција и кампања да им порача на сите трендсетерки и љубителки на модата дека удобноста ја носи самодовербата и дека сите треба да се облекуваат пред се' за себе.
-Пронаоѓањето на своја верзија на „нормално облекување“ е уметност, моето „нормално“ е поинакво од твоето „нормално“, а тоа е суштината на кампањата. Оваа есен ние го славиме облекувањето за нас самите и пронаоѓањето на тие совршени парчиња како џинс и маици кои ќе направат да се чувствувате самоуверено и да бидете најавтентичната верзија на себе - вели маркетинг директорот на Gap Сет Фарбман.