Анџелина Џоли во домашна атмосфера на насловната страна на мартовскиот Британски Вог

2 февруари 2021

Екипата на британскиот Вог минала 72 часа во домот на Анџелина Џоли, кој таа го дели со своите 6 деца. Нејзиниот дом е сместен на раскошен имот од 1993 година, сокриен од љубопитните погледи на Холивуд. 

Во интервјуто Џоли раскажува дека преселбата во новиот дом и била предизвик, но го сторила тоа за доброто на децата, бидејќи нивниот татко, Бред Пит живее на само 5 минути оддалеченост.

Џоли зборува за карантинот и времето минато со децата, за новата книга која им ја посветува на младите луѓе, а која треба да ги научи на асертивност.

Оваа година заокружува 20 години посветена работа со Обединетите нации, и вели дека за разлика од претходно, кога била лута и гневна на последиците од војната и начинот на кој се третирани бегалците.

Навлегува во 50-те години од животот и изгледа одлично. Вели дека има неколку парчиња облека кои ги обожува и инвестира во парчиња кои постојано ги носи, а обожува и винтиџ гардероба. 

Се радува на воениот документарец кој го подготвува за животот на фотографот Ден Мекалин, а наредната година покрај Селма Хаек и Ричард Маден, треба да ја видиме и во филмот Ethernals на Марвел. 

Објавено:
2 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.359 пати