Ангелите на Викторија ќе ги забавува...

14 октомври 2015

После две години последователно учество на Тејлор Сфивт (лани друштво ѝ правеа Ед Ширан и Аријана Гранде), организаторите на најочекуваното годишно шоу на Victoria’s Secret одлучија дека е време за промени.

И во право се. Како објавија светските медиуми, музичкиот дел годинава ќе биде резервиран за три големи ѕвезди – Ријана, Селена Гомез и The Weeknd.

Ријата тукушто го објави информации за албумот што треба да го објави насловен како Anti, а и Селена Гомез неодамна го објави албумот Revival, кој е број еден на Билбордовата музичка листа.

Нема потреба да зборуваме за популарноста на The Weeknd, податок кој оди во прилог на тоа е дека веќе четири недели едно по друго се број еден на Билбордовата Hot 100 листа со синглот The Hills.

Ова е сосема доволно за годинешното издание на шоуто на Victoria’s Secret, кое ќе се одижи на 8-ми декември, да биде едно од најдобрите.

Објавено:
14 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
910 пати