Многу боја и принтови на црвениот килим на Teen Choice Awards

11 август 2014

Во Лос Анџелес вчеравечер се одржаа Teen Choice Awards, а меѓу ѕвездите кои беа дел од настанот се најдоа и Тејлор Свифт, Хилари Даф, Леа Мишел...

На црвениот килим исто така се најдоа и голем број познати ѕвезди, а камерите секако најмногу беа вперени во Ким Кардашијан и нејзините сестри Кендал и Кајли Џенер. Триото воедно го прославуваше 17-тиот роденден на Кајли. Една од впечатливите млади дами беше секако и Селена Гомез.

Дел од наградите отидоа за филмот „Одмазда на женски начин“, за најдобра комедија, како и за тв комедијата „Бубалици“. За најдобро натпреварувачко шоу е избрано „The voice“, а реално „Кардашијанс“,додека „Симпсонови“ е најдобрата анимирана серија. Адам Левин беше избран за најдобар тв лик, а во истата категорија се закити со награда и Шакира. Ед Ширан е најдобриот музичар според тинејџерите, а во музичките категории со награди се закитија и One Direction, Келвин Харис, Иги Азалеа, Тејлор Сфивт. Во модните категории пак, меѓу најдобрите беа Селена Гомез, групата One Direction, Хери Стајлс и Одеја Раш. Меѓу спортистите беше награден Леброн Џејмс и Серена Вилијамс. Кралица на социјалните мрежи е Кети Пери, додека конкретно за Инстаграм наградата отиде во рацете на Мајли Сајрус.

Кога е во прашање модата, на црвениот килим можеа да се видат храбри избори и мешање на принтови и бои во изобилие, но и класични и елегантни комбинации во бела и црна боја.

Во продолжение погледнете ја галеријата со гости и секако нивните модни избори за оваа вечер.

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Сцена