Ангелите на Викторија Сикрет во колоритна секси бајка за британски Вог

3 октомври 2014

Облечени во драматични здолништа од фасцинантната колекција на Долче и Габана и топлес во горниот дел, четири прекрасни ангели на Викторија Сикрет ќе блеснат во ноемвриското издание на магазинот Вог.

Меѓу одбраните за фотосесијата што ја направи одличниот Патрик Демарчелиер се најдоа Кендис Сванпул, Адриана Лима, Лаис Рибеиро и Елза Хоск.

Покрај најавната фотографија на која се појавуваат овие четири прекрасни девојки, на страниците од магазинот ќе можеме да ги видиме и Алесандра Амброзио и Лили Олдриџ во неверојатно сексапилната фотосесија за британски Вог.

Фамозното традиционално шоу на Викторија Сикрет оваа година ќе се случи на 2 – ри Декември во Лондон.

Модните шоуа на Викторија Сикрет се едни од најдолгоочекуваните и најспектакуларните во светот. Секоја година, присутните ги забавува некоја од актуелните светски ѕвезди, а досега се појавиле Џастин Бибер, Ријана, Тејлор Свифт, Марун 5 и многу други, а ѕвездата за оваа година сѐ уште не е откриена.

Како и секога година, така и оваа, на пистата на Викторија ќе продефилираат некои од најубавите и најплатените модели во светот, меѓу кои и Кара Делевињ, Алесандра Амброзио, Адриана Лима, а многу веројатно е и појавувањето на новата ИТ манекенка Кендал Џенер.

Неодамна, Форбс во својата листа за најбогати манекенки во светот за 2014, објави дури 16 имиња на девојки што се или пак биле дел од Викторија Сикрет како едни од најбогатите во светот!

Адриана Лима е меѓу најплатените модели на Викторија Сикрет Адриана Лима е меѓу најплатените модели на Викторија Сикрет

Меѓу нив, сосема нормално на првото место се најде бразилската убавица Жизел Бундшен, потоа Доцен Крос, Адриана Лима, Миранда Кер, Кејт Аптон, Лиу Вен, Алесандра Амброзио, Хилари Рода, Џордан Дан и Карли Клос меѓу првите десет.

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Актуел