Антонио Бандерас во улога на Џани Версаче

18 јули 2016

Откако минатата година се запиша на престижната школа за дизајн Сент Мартинс, Антонио Бандерас се впушта во нов моден предизвик.

Според последните информации во светските модни магазини, токму 55 годишниот актер ќе го глуми дизајнерот Џани Версаче во новиот филм за неговиот живот и дело.

Бандерас всушност бил еден од најголемите обожаватели на дизајнерот, а тој ќе каже дека токму Версаче го инспирирал за првата колекција што актерот неодамна ја направи за брендот Selected.

Режисер на филмот ќе биде Били Август, а снимањето се очекува да започне некаде во декември во Reggio Calabria, родното место на дизајнерот, а ќе биде снимен и дел во Мајами, каде Версаче беше убиен.

Она што треба да се посочи е дека информацијата за снимање на филмот не е потврдена од модната куќа од каде за WWD изјавија дека ништо од тоа што ќе го гледаме во филмот не е авторизирано. 

Објавено:
18 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
522 пати