Запознајте ја новата Донатела Версаче
•
19 август 2013
Актерката Џина Гершон е избрана да ја игра улогата на Донатела Версаче во нова телевизиска биографија која го носи името „House of Versace“, а главна тема во фокусот се последиците по смртта на братот на Донатела, Џани Версаче.
Гершон е позната по улогите во филмовите „Face Off“, „Ps I Love you“ и култниот хит „Showgirls“, како и по телевизиската серија „Грдата Бети“ која е пародија за Донатела. Премиерата на биографијата е закажана за 5-ти октомври во Америка. Актерот Енрико Колантони го игра Џани, додека Ракел Велч ја толкува улогата на тетката Луција. Инаку, Џани Версаче беше убиен во 1997 година и беше наследен од Донатела како лидер на дизајнерската линија Версаче.