Среќен 68-ми роденден Донатела Версаче

2 мај 2023

На денешен ден е родена Донатела Версаче, италијанска дизајнерка, претприемач и модел.
Таа е сестра на основачот на модната куќа Версаче, легендарниот Џани Версаче, кој беше убиен во 1997 година.

Донатела и Џани уште како деца беа многу блиски, а така беше сè до неговата смрт. Интересен е фактот што токму Џани ја убедил да ја обои косата руса, кога Донатела имала само 11 години.

Иако студирала литература и јазици во Фиренца, дизајнерката од секогаш била најмногу заинтересирана за модата.

Знаев дека ќе работам во модната индустрија, уште од дете модата најмногу ме привлекуваше.

Брендот Версаче е основан во 1978, а Донатела беше назначена за потпретседател на компанијата. Уште од самиот почеток таа му беше креативен партнер и муза на нејзиниот брат Џани, а по неговата смрт ја презеде одговорноста во свои раце.

Донатела има креирано многу успешни рекламни кампањи за Версаче кои што вклучувале некои од најпознатите ликови од шоу бизнисот. Мадона, Кортни Лав, Кристина Агилера, Џонатан Рис Маерс, Деми Мур, Лејди Гага, Бијонсе се само дел од познатите што го рекламирале брендот.

Донатела го креираше легендарниот зелен фустан на Бијонсе, што таа го носеше на Греми наградите во 2000-та. Токму тој фустан ќе биде причината за креирање на Google Images.

Версаче беше во брак со американскиот модел Пол Бек, а парот има заедно две деца, ќерка Алегра, 37, и син Даниел, 34. Донатела и Бек се разделија во 2000-та година.

Познатата италијанка 18 години беше зависничка од кокаин, а во 2014 година ги откажа и цигарите.

Лејди Гага во 2013 и посвети песна на дизајнерката, а Пенелопе Круз ја играше во серијата American Crime Story којашто зборува за семејството Версаче.

Среќен роденден Донатела!

Фото: Pinterest

Објавено:
2 мај 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
296 пати