Версаче ја одбра Лејди Гага за заштитно лице на пролетната колекција

22 ноември 2013

Како логичен сплет на околности, очекувано беше Донатела Версаче да ја ангажира Лејди Гага како ново заштитно лице, а сега веќе е и официјално одлучено дека  пејачката ќе биде дел од пролетната колекција на модната куќа.

Лејди Гага е дел од низата познати личности кои биле ангажирани за Версаче. Донатела Версаче обожава русокоси девојки, па не е ни чудно што досега има соработувано со Џенуари Џонс и Мадона. Фотографиите ќе се прават во Лондон, а нив ќе ги потпише познатото дуо Мерт и Маркус.

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Актуел