Версаче продаде дел од акциите

28 февруари 2014

 

versace-rtw-fw2013-runway-01_162902575118

Blackstone Group станаа сопственици на 20% од акциите на Версаче во вредност од 150 милиони долари, но сепак контролата и понатаму ќе ја имаат Донатела и нејзиниот брат Санто, кои поседуваат 30 проценти од фамилијарниот бизнис. Како најголем акционер во модната куќа е ќерката на Донатела, Алегра на која во наследство Џани Версаче и остави 50% од акциите.

Италијанската модна куќа е проценета на вредност од 1 милијарда долари, а од 2012 година почнаа гласините околу нејзината продажба. Сега со продавањето на дел од акциите конечно се реши оваа дилема бидејќи Донатела сеуште нема намера да го отстапи тронското место во Версаче.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Актуел