Сопствениците на луксузниот моден бренд Џими Чу, Labelux можеби ќе продадат дел од брендот, чија вредност според последните информации се проценува на една милијарда долари. Извор близок до компанијата посочува дека тие размислувале да продадат дел од акциите на брендот на почетокот на оваа година и дека дури се одржале и прелиминарни состаноци со банките.
„Од Labelux имаат долгорочни планови за Џими Чу и не планираат да се откажат од добрата контрола што ја имаат врз брендот“, велат извори блиски до Labelux. „Ако воопшто има такви размислувања за продавање на дел од акциите, тоа ќе биде минимален дел. Компанијата успеа да се прошири изминатите три години и нормален тек на работите е да се дискутира за зголемување на профитот на различни начини. Реалноста е дека сѐ може да се случи во моменталната бизнис клима“, велат извори блиски до компанијата.
Labelux, под чија контрола се и брендовите како Bally и Belstaff, платија повеќе од 500 милиони долари за Џими Чу во 2011 година. Тамара Мелон, основачката на брендот го продаде истиот за да лансира своја сопствена линија.
Оттогаш, во Џими Чу продолжија со изработката на квалитетни и луксузни чевли за нивните клиенти, а продолжија да организираат и пракса за студенти.
За брендовите како Версаче, Марни и Балман во последно време на големо се шпекулираше дека ќе продаваат дел од своите акции поради финансиски проблеми, додека за разлика од нив, на брендовите како Мајкл Корс и Монклер им одеше и повеќе од одлично со нивните милијарди на сметките.