Од британската модна куќа Џими Чу соопштуваат дека следниот месец октомври планираат да излезе на лондонската берза за да се прибават средства за ширење на азиски регион. Групацијата наведува дека нејзината матична холдинг компанија JAB ќе понуди 25 проценти од акциите на модната куќа на јавна понуда на берзата во Лондон. Компанијата не прецизираше колку финансии очекува да се соберат, но медиумите во Англија наведуваат дека излегувањето на берзата може да донесе околу шестотини милиони фунти или 763 милиони евра.
Џими Чу минатата година оствари профит од 282 милиони фунти, а во првата половина од годинава приходите пораснаа на 9,4 проценти. Модната куќа е основана во 1996 година, дизајнерите Џими Чу од Малезија и Тамара Мелон од Англија. Компанијата е најпрепознатлива по луксузните обувки, но тука се и чантите, очилата, парфемите.
.