Донатела Версаче е мајката на Лејди Гага

27 февруари 2014

tumblr_mo6r92q0Yr1rmn0b3o1_1280

Познатата дизајнерка Донатела Версаче верувa дека нејзиниот брат Џани, кога би бил жив многу би ја сакал Лејди Гага. Големата љубов и времето кое го поминуваат заедно, влијае на тоа Донатела и Гага да почнат многу да наликуваат една на друга. Исто се шминкаат, имаат иста боја на коса, па медиумите ги нарекоа „мајка и ќерка“.

Италијанската креаторка и американската пејачка веќе неколку пати соработуваа, а контроверзната кантавторка е заштитно лице на колекцијата на брендот за пролет 2014.

Lady Gaga is seen togther with fashion designer Donatella Versace on the balcony of the Palazzo Versace in Milan.

„Беше одлучна и сакаше да навлезе во самото срце на брендот, па на новите генерации и своите фанови да им го покаже тој стил“, изјави дизајнерката после првата средба со пејачката.

Тие две досега соработуваа на неколку проекти, а можеби најзабележан е видеото за песната The edge of Glory, за чии потреби Донатела за прв пат по смртта на својот брат (1997), ја отвори архивата на познатата модна куќа и дозволи 27-годишната пејачка да облече винтиџ „Џани Версаче“ модели.

lady-gaga-donatella-versace

„Горда сум на тоа што можам да кажам дека Лејди Гага ми е блиска пријателка“, изјави креаторката во разговорот за италијанскиот магазин Амика, додавајќи дека е среќна што токму таа е дел од Версаче семејството.

Токму од овие причини, ниту на една од нив не и пречи тоа што ги нарекуваат мајка и ќерка. На крајот на краиштата, можеби тоа е и целта.

Donatella-Versace-and-Lady-Gaga-by-Terry-Richardson5

Објавено:
27 февруари 2014
Категорија: 
Сцена