Среќен роденден Овни! Од 21 март, па до 20 април е вашето време,па се надеваме дека астролошките тенденции ќе ве послужат во овој период.
Ние сепак ќе зборуваме за оние модните. Како што стои и во насловото, кога мислиме на сексапил, мислиме на претставник од знакот на Овен.
Тоа не значи дека тие секогаш носат провокативна облека, туку дека со својата енергија, став, појава ѝ додаваат на модната комбинација дополнителна доза сексапил.
Црвената се посочува како нивна боја, бидејќи се страстни воини,а во топ три бои за нив се и црната и белата. Кога е модата во прашање, прават успешен микс на трендовите, бидејќи сакаат да бидат во тренд, да имаат нешто што е „ин“, но и често се потпираат на класиката.
Принтовите не се непознати, посебно за женските претставници. Можеби ќе се изненадите, но во врвот на листата не се тигрестиот или некој друг животински принт, туку етно мотивите. Сепак, најдовме податок кој вели дека како претставници на борбеноста, на пример Ацтешките притнови ќе бидат совршен избор за нив. Исто така, поради тоа што се под владетелство на Марс, претставниците на овој зодијачки знак одлично ги носат сите типови на маскирни принтови. Генерално, не стравуваат од модни комбинации и знаат како да се однесуваат кога сите светла се кон нив.
Ако сте некој што има Венера или Месечина во Овен тогаш несомнено ќе бидете привлечени и од креациите на дизајнерите Овнови. На пример, Селена Гомез има месечина во Овен и често носи креации на Марк Џејкобс. Или пак, Џиџи Хадид со Венера во Овен соработува со Томи Хилфигер.
Познати личности со кои го делите хороскопскиот знак се Рис Витерспун, Кери Расел, Џесика Честеин, Чака Кан, Сара Џесика Паркер, Елтон Џон, Кира Најтли, Мараја Кери, Лејди Гага, Фарел Вилијамс, Роберт Дауни Џуниор, Ема Вотсон, Кристен Стјуарт, Викторија Бекам, Ања Тејлор Џој, Руни Мара, Селин Дион, Џенифер Гарнер, Кејт Хадсон, Еди Марфи...
Во продолжение погледнете и некои од комбинациите на овие познати личности, кои ќе го потврдат она за што пишувавме погоре, а воедно може да ви послужат како инспирација доколку сте Овен во знак, подзнак или месечина :).
Ања Тејлор Џој
Викторија Бекам
Лејди Гага
Џесика Честеин
Сара Џесика Паркер
Селин Дион