Баленсиага го тужи поранешниот уметнички директор Николас Геские

19 јуни 2013

Во интервјуто Николас ја соопшти причината зошто веќе не е дел од тимот на Баленсиага.

-Имав прекрасно студио и дизајнерски тим, што го чувствував за многу близок. Но, компанијата почна да станува сѐ повеќе корпоративна и не чувствував никаква поврзаност со модата. Чувствував како да немам инспирација и како да ми го крадат идентитетот со тоа што сакаат да ги хомогенизираат работите. Не чувствував дека припаѓам тука повеќе – изјави тој.

Керинг, сопственикот на модната куќа има намера да го тужи дизајнерот кој најави дека ќе започне свој бизнис, и со тоа го прекршил договорот на доверливост.

Баленсиага го замени Николас со познатиот Александер Ванг, кој дебитантската ревија ја прикажа во Март.

 

Објавено:
19 јуни 2013
Категорија: 
Актуел