Што не чека во 2014 на модната сцена?

24 декември 2013

VogueFestival2014Collage_1080x720

Изложби, нова музика и филмови - 2014 година ќе биде добра година и за новите модни и уметнички активности, пренесуваат светските медиуми.

Во 2013 веќе се најавени промени, кои ќе се случат наредната година. Па така, како Николас Геские ќе ја продолжи визијата на Луј Витон? Кој ќе ја замени Ема Хил во Мулбери? Но, не само на смената на дизајнерските места , модната сцена ќе ги очекува новите продавници на Кристофер Кејн, Роксанда Илинчиќ и Викторија Бекам.

На модните недели се очекуваат и доминантни ревии, впечатливи трендови и нови имиња, особено кога британската модна сцена е во прашање. Тука се секако и спортските настани, како и изложбите на венчалните фустани низ историјата, модата на Жан Пол Готје, италијанската мода...

За љубителите на убавиот збор, годинава меѓу другите ќе се појави книга на фотографот Денис Хопер, а и Вог за своите читатели подготвува специјална едиција за најубавите модни шоуа, која треба да излезе на лето.

 

 

 

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Актуел