Ралф и Русо ја облекоа почесната Дама Анџелина Џоли

14 октомври 2014

Angelina-Jolie-Vogue-10Oct14-pa_b_1080x720

Британските кутуриери Ралф и Русо ја имаа честа да ја облечат Анџелина Џоли за приемот кај кралицата Елизабета, по повод примањето на почесната титула Дама изминатиот петок.

Ова вест беше проследена од сите светски медиуми, а она што секако беше во центарот на вниманието на оние што ја третираат модата е облеката на атерката. Џоли носеше костим од колекцијата пролет-лето 2014, кој во оригиналната верзија на пистата беше во црвена боја. Сепак, таа побара да биде направен во бледо сива, со чели во нешто потемна нијанса.

„Ни беше огромна чест што Анџелина не' замоли да го креираме нејзиниот изглед за овој значаен и впечатлив момент за неа. Со оглед на тоа дека „Ралф и Русо“ се британска модна куќа, нејзиниот избор ние да го креираме тоа што ќе го носи во Бакингемската палата беше соодвете. Светло сивиот комплет од волна и креп беше совршен за пригодата - едноставен, елегантен, префинет - вели ко-основачот на брендот и дизјанр, Тамара Ралф.

angelina-jolie-Vogue-13Oct14-getty_b_426x639

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Актуел