Жил Декон во нов предизвик
•
26 април 2014
Секогаш интересниот Жил Декон, чии креации ги забележавме уште додека беше под закрила на Унгаро, сега дизајнираше капсулна колекција на долна облека и тоа за уличниот бренд Ен Самерс.
Иако не често, сепак ова не е неговиот прв скок во high street водите, затоа што досега соработувал со Nine West, New Look, но и брендовите Label M, како и синџирот маркети Sainbury.
Ова е одлична можност Декон да се покаже и во дизајнирање на боксерици, корсети и секси ноќници, со неговиот, како што знаат стручњаците да кажат, луд, откачен талент.
„Ен Самерс претставува важно место во британскиот high street и ќе биде интересно да се види што јас подготвив за нив. “, изјави дизајнерот.
А во продолжение погледнете дел од она што го сработе: