Преку социјалните мрежи, популарниот пејач Малума ја најави и делумно претстави новата соработка со модниот бренд „Балман“, односно дизајнерот Оливие Рустенг.
Двајцата изминатиов период работеле заедно на создавање првично на нови парчиња за турнејата на Малума, но со оглед на пандемијата сите настапи биле откажани, а таа соработка потоа прераснала во создавање на капсулна колекција.
View this post on Instagram
Инспирацијата за новите парчиња бил тропскиот стил на Мајами, па затоа доминираат нијанси на розово-портокалови нијанси од зајдисонце, златни сончеви нијанси, неонски натписи.
Тоа е преточено во дуксери, маици, шорцеви, панталони... Но, не е изоставена и елегантната нота, на која сепак ѝ е додадена и лежерност, што може да се види во широкото одело на риги.
View this post on Instagram
„Една од моите цели и желби беше да работам со почитувани модни куќи и да создадам колекција, но ова патување беше далеку повозбудливо. Оливие ме поттикна да дизајнирам со него, да правам скици од парчиња кои јас лично би ги носел, надвор од сцената, а со приказ и на Висока мода“, вели Малума во официјалната изјава.
View this post on Instagram
Модните познавачи се возбудени поради ваквата соработка, имајќи ја предвид талентираноста на Рустенг и популарноста, како и специфичниот моден израз на Малума.
Инаку, пејачот досега соработуваше со повеќе модни куќи, а меѓу омилените беа „Гучи“ и „Долче и Габана“, поради еклектизмот кој и самиот го применува во својот стил.
Колку ќе вметне нови модни идеи „Балман“ во тоа како може да изгледа Малума, останува да видиме кога ќе бидат презентирани сите парчиња.
А дотогаш погледнете ги првите објави:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram