Барбери нѐ почести со уште една магична, новогодишна кампања!

3 ноември 2015

Новогодишните кампањи на Барбери за вљубениците во модата се исто што и Кока – Кола новогодишните реклами за целата планета!

Конечно излезе рекламната кампања на брендот за претстојната 2016 – та година и сосема очекувано, истата е неодолива.

Тимот на Барбери уште еднаш собра некои од најголемите ѕвезди од музичкиот, модниот и филмскиот свет, ги облече во нивните најубави парчиња и создаде совршенство од фотографии.

Токму со тие ѕвезди, брендот ја рекреираше сцената од култниот Били Елиот и повторно создаде вистинска магија.

Дел од рекламната кампања се Наоми Кембпел, Роси и Тоби Хантингтон Вајтли, Џејмс Беј, Ромео Бекам, Џејмс Корден, Џорџ Езра и уште многу други.

„Били Елиот е неверојатен филм полн со радост и енергија, па ова за нас беше вистински предизвик и огромна чест заедно да ја прославиме 15 – годишнината преку оваа празнична кампања. Морам да кажам дека беше и огромна привилегија да се работи со овој тим, со овие големи и успешни луѓе во своите сфери“, изјави Кристофер Бејли од Барбери.

Објавено:
3 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.583 пати