Веројатно сите од вас ја знаат неговата прекрасна сестра која долги години е меѓу најбараните модели во светот.
Братот на прекрасната Роси Хантингтон Вајтли, Тоби е новиот ИТ модел на светската сцена, а во последната фотосесија за GQ изгледа подобро од кога и да е.
Помладиот брат на шармантната Роси е подеднакво талентиран како и неговата сестра, а тоа можеме да го видиме и во одличниот едиторијал.
Како и Роси, така и Тоби има совршено тело, руса коса и светол тен, со полни усни и заводлив секси поглед.
Во едиторијалот можеме да го видиме претежно во куси боксерки комбинирани со секси бели парчиња во горниот дел.
Она што секој ќе го забележи е дека тој неодоливо потсетува на неговата постара сестра, што можевме да забележиме и во претходните фотосесии на моделот и фитнес тренер.
Претходно, тој беше дел од кампањите на Барбери, машкиот бренд Џакамо, а долго време беше дел од тимот на луксузниот Булгари хотел.
Како што ќе кажат голем дел од експертите, Тоби е дефинитивно моделот на кој допрва му се претскажува блескава иднина!