Во Лондон неодамна се одржа манифестацијата „Жена на годината“ во организација на магазинот „Харперс базар“.
Една од наградените жени беше и моделот Роси Хантингтон Вајтли. Таа се појави во фантастичен фустан на дизајнерот Давид Кома, чија цена изнесува околу 2.000 долари.
Креацијата е смела и провокативна, но не и вулгарна. И таква може да носи само Роси или некој што има тело како нејзиното. Фустанот е со V-израз, а има и сечени делови под градите, кои се шират до половината, а кои се покриени со мрежа во нијанса на кожата.
Со оглед на тоа дека е тесен и ја следи линијата на телото, во задниот дел има и шлиц. Прерамките се и страничните сечени делови се потенцирани со светкави ленти, што придонесуваат за гламурозниот ефект.
Стајлингот е заокружен со сандали со ремчиња и мала чанта.
Изгледа прекрасно, нели?