Познатата манекенка Роси Хантингтон Вајтли на социјалната мрежа Инстаграм објави неколку фотографии од нејзиното прекрасно семејство.
Имено, на фотографијата можеме да ја видиме во неодолив црн фустан заедно со вереникот Џејсон Статам и нивното едногодишно синче Џек.
Таа ретко објавува фотографии од малото детенце, односно речиси никогаш и не можеме да видиме како изгледа нејзиното синче.
На фотографијата и таа и актерот изгледаат прекрасно, подготвени за премиерата на неговиот нов филм „The Meg“ кој се очекува да биде вистински хит.
За премиерата, таа одбра тесен црн фустан на Стела Мекартни, додека нејзиниот вереник изгледаше позгодно од кога и да е, во совршено скроен црн костим.
На фотографиите што таа ги објави на Инстаграм можеме да го видиме малиот Џек како ужива во нивниот дом и се обидува да ги задржи родителите дома.
Како и секогаш, таа изгледаше совршено со соодветната шминка и фризура за кои ќе каже дека инспирација добила од Елизабет Харли на премиерата на познатиот Four Weddings and a Funeral.