Прекрасната Роси Хантингтон Вајтли го отвори својот дом за Вог

Веројатно досега сте погледнале барем едно од секогаш интересните видеа во кои магазинот Вог им поставува 73 прашања на познати ѕвезди во нивните домови, а последна во низата беше манекенката Роси Хантингтон Вајтли.

Шармантната Британка ги отвори вратите од нејзиниот дом во кој живее со вереникот Џејсон Статам, облечена во супер стилска и едноставна комбинација составена од црни фармерки и бела маичка и секако, беспрекорна шминка и фризура.

Додека таа разговараше со новинарот од Вог, во позадина беше прикажан нејзиниот дом, раскошна вила во Беверли Хилс со прекрасен двор во кој таа сака често да одмара.

Таа окрива дека се буди многу рано, помеѓу 5 и 7 часот наутро, по што обожава да пие кафе или чај и да почне со секојдневните вежби и обврски.

Во видеото говори за нејзиниот син, за свршеникот, за тоа кои земји сака да ги посети и за уште многу интересни работи од нејзиниот живот.

Погледнете.

 

Објавено:
30 април 2018
Прегледно:
733 пати