Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #7

2 јуни 2014

Модната куќа Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг...

За денес,  модната куќа Елена Лука ви предлага елегантен црн фустан до над колена изработен од црн брокат со дезен и кепер. Фустанот има шармантно деколте во V израз на кое страничните делови му се транспарентни и одлично се спојуваат со прерамките од самиот фустан. Истиот одлично ќе се вклопи во вашата денешна комбинација, без разлика дали одлучивте да го носите на работа или пак на ручек со вашите пријателки. Носете го со класични црни чевли и палто во црна боја со што дефинитивно ќе бидете вистинска шармантна дама  која ќе плени со сиот свој сексапил каде и да се појави.

За вашата вечерна варијанта, од  Елена Лука овојпат предлагаат  тотално елегантна комбинација составена од корсет и здолниште со висок струк. Корсетот во прекрасна и нежна бела боја е изработен од висококвалитетен сатен обложен со тул со уникатни и впечатливи странични делови. По страните, корсетот е обложен со апликации од тантела кои што му даваат уште повпечатлив и раскошен изглед. Здолништето овојпат е црно со висок струк, изработено од нежен сатен и истото, одлично се надополнува со корсетот. Едноставните чевли на потпетица во беж или пак сосема црна боја се доволни за вистинско надополнување на вашиот вечерен изглед.

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија