Модната куќа Елена Лука ви предлага дневен и вечерен изглед...
За вашиот дневен стајлинг, креативниот тим од модната куќа Елена Лука ви предлага лежерна и удобна варијанта составена од лесна кошула и тренди панталони од последната, одлична колекција „Golden reins“. Кошулата е направена од висококвалитетен жоржет, а луксузните апликации во златна боја што се простираат низ површината на кошулата даваат дополнителен мистичен изглед на целата комбинација. Златните копчиња и златната кружна плочка со изгравирано лого на модната куќа, се единствените модни додатоци што ви се потребни! Елена Лука ви предлага кошулата да ја комбинирате со неверојатни тренди и шик панталони во златна боја изработени од луксузна и пријатна свила. Истите се со висок струк и два набори во горниот дел кои дефинитивно им даваат уште поинтересен изглед. Она без што не може да се замисли ниту една комбинација се секако квалитетните чевли, кои што се дел од последната колекција Golden reins. Овој пат, со дневниот изглед комбинирајте ги овие уникатни чевли во златна боја изработени од висококвалитетна кожа кои одлично ќе ви прилегаат со целиот изглед.
За вечерната варијанта пак, денеска ви предлагаме луксузен фустан изработен од неверојатно пријатна и квалитетна свила во секогаш модерната – златна боја. И овој прекрасен фустан е дел од новата колекција на моднатa куќа Елена Лука, – Golden reins! Во делот на половината, по должина на вашата силуета се спуштаат два набори кои што и даваат дополнителна уникатност на целата креација. Фустанот има две дебели прерамки кои елегантно продолжуваат по должината на грбот. Истиот е совршен за долга и пријатна вечера во друштво со партнерот кој дефинитивно нема да остане рамнодушен, но и за забава и разни свечености, кои мора да признаеме дека периодов ги има во изобилство!
За каде и да ги одберете комбинациите, бидете сигурни дека ќе бидете апсолутно впечатлива и сосема посебна и уникатна дама со посебен шарм и огромна самодоверба!