Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #6

30 мај 2014

Модната куќа Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг...

Без оглед на денешното дождливо време, никако не смеете да заборавите на женственоста и сексапилот. Доколку денеска имате некој важен состанок пред вас или пак некоја значајна средба, тогаш ова е вистинскиот фустан за вас. Во комбинација со палто во црна боја, дефинитивно ќе бидете највпечатливата девојка низ канцелариите! Фустанот направен од црн брокат во комбинација со сатенски кафени траки распоредени по површината, е вистинскиот избор за вас! Тој ќе ја истакне вашата женствена фигура како никогаш до сега. Комбинирајте го со чевли во крем боја или пак едноставни, црни салонки.

За вечерната комбинација, денеска ви предлагаме смирена и нежна варијанта составена од прекрасни нежни тренди бои. Панталоните во златна боја направени од квалитетна свила од последната колекција на модната куќа Елена Лука „Golden reins“ во комбинација со овој шик корсет во крем боја, се она што единствено ви е потребно за вечер полна забава. Корсетот е дополнително украсен со интересни бисери во неколку бои распоредени во делот кај половината и на истиот му даваат дополнителен раскош и убавина. Што се однесува до чевлите, вечерва блеснете во полн сјај со прекрасните потпетици во златна боја специјално направени само за вас од креативниот тим дизајнери од модната куќа Елена Лука!

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Без категорија