Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #11

6 јуни 2014

Деновите од викенд се можеби и најубавите денови од неделата кога можете да најдете време за себе и да блеснете со сиот свој сјај. Забавите се неизбежен дел од секој викенд, па по тој повод модната куќа Елена Лука ви нуди два предлог стајлинзи за вашиот дневен и вечерен изглед со кои сигурно ќе импресионирате каде и да се појавите.

За вашето дневно уживање брендот ве советува да одберете краток коктел фустан изработен од жерсе во крем нијанса. Овој фустан плени со необичниот детаљ од тантела во портокалова боја кој е фокусиран на средината на фустанот и се простира по целата негова должина. Со оваа креација одберете чевли на потпетица во беж нијанса.

Вечерниот изглед пак, дозволете да биде малку погламурозен и за нијанса пософистициран од дневниот.  Елена Лука ви предлага црн коктел фустан изработен од жерсе со должина до над колена. Сензуалноста на оваа креација кулминира со бисерна изработка на прерамката од едната страна која е мошне впечатлива и уникатна. Понекогаш едноставниот изглед е најмоќната и најлуксузната варијанта со која ќе ги плените сите погледи околу вас.

Елена Лука е тим кој работи со голема  посветеност и многу љубов и секогаш е тука да ги исполни желбите на своите клиенти, затоа не чекајте и дозволете си вистинско модно разгалување во некој од нивните салони.

Објавено:
6 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија