Денес дозволете да ве понесе сончевата енергија во креирањето на вашиот дневен аутфит. За таа цел модната куќа Елена Лука ви предлага бел краток коктел фустан со фалти кои го нагласуваат струкот на моделот. Фустанот има впечатливо деколте во V израз кое завршува со дебели прерамки. Белиот релјефен сатен е навистина пријатен материјал и затоа овој модел можете да го носите и на работа, но и на дружба со вашите пријателки. Комбинирајте го фустанот со потпетици во беж нијанса и нагласете ја вашата елеганција со урбан и неверојатно модерен дизајн.
За вашата вечерна варијанта пак, креативниот тим на брендот Елена Лука ви советува да одберете долга тоалета чиј горен дел е изработен од фин сребренкаст памучен сатен, обложен со тантела чиј крој е во полу глок и корсет во форма на срце. Долниот дел раскошно паѓа по должината на вашата силуета и е изработен од црн органтин. Ноќните кралици секогаш пленат со својот софистициран изглед и отмен чекор, а вие го заслужувате тоа.