Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #19

18 јуни 2014

Секоја дама има желба да биде убаво облечена и нејзината креација да биде во хармонија со нејзиниот карактер, убавина и шарм. Нагласете ја вашата елеганција и одберете дел од моделите кои модната куќа Елена Лука веќе пет години ги изработува само вас. Како и секој ден така и денес креативниот тим на модната куќа ви предлага стајлинзи кои веруваме  ќе ви се допаднат.

За дневен предлог стајлинг Елена Лука  ве советува да одберете краток коктел фустан припиен за телото. Моделот е целосно изработен од жерсе. Предниот дел на фустанот е изработен од сиво жерсе кое продолжува под градите со златна нијанса од истиот материјал и завршува со прерамка на страна. Покрај играта на сечени кроеви во предниот дел од фустанот, уникатноста на креацијата е нагласена во долниот заден дел од фустанот кој е подолг од предниот. Овој необичен модел комбинирајте со чевли на висока потпетица во беж нијанса.

За вечерниот стајлинг пак модната куќа се одлучи за  црна тоалета во глок крој. Фустанот  е изработен од памучен црн сатен со транспарентни три-четврт ракави. Деколтето и струкот се нагласени со појас кој е рачно дополнет со стаклени камчиња и апликации. Композицијата лелеаво паѓа по должината на вашата силуета во форма на глок крој.

Бидете секогаш во чекор со модните трендови и нагласете ја вашата елеганција со моделите на Елена Лука.

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија