Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #4

28 мај 2014

Модната куќа Елена Лука за денеска ви предлага дневен и вечерен изглед...

За денешниот дневен стајлинг Елена Лука предлага елегантен женствен фустан до колена, со интересна форма од левата страна. Фустанот е дел од колекцијата  „Далга“ и истиот е наменет за девојки и жени со блескава самодоверба! Одличен е за на работа  доколку сакате да се издвоите  и да блеснете во полн сјај на сите денешни состаноци, но и за ручек со пријателките или колешките! Изработен е од висококвалитетна свила во комбинација со сатен свила која  дава дополнителна нишка на пријатност и удобност додека го носите. Половината е потенцирана  со тренди тенок ремен од истиот материјал со златна плочка со логото на модната куќа и истиот е сосема доволен за да не морате да избирате дополнителни модни додатоци.

За вечерната варијанта, сугерираме на  раскошен бел фустан со златни везени апликации во предниот дел. Квалитетниот и нежен  органтин од кој што е изработен фустанот му дава дополнителна доза на раскош и луксуз на овој и онака совршен фустан. Доколку сакате да се истакнете од толпата каде и да се појавите вечерва, тогаш оваа креација од последната „Golden reins“ колекција на модната куќа Елена Лука, е вистинскиот избор за вас. Ако вечерва сте поканети на некоја специјална прослава , тогаш бидете сигурни дека со овој избор ќе блеснете во полн сјај! Во комбинација со модерните и неверојатно женствени чевли во златна боја од истоимената колекција, дефинитивно ќе изгледате како вистинска префинета дива!

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Без категорија