Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #21

20 јуни 2014

Метеоролозите за викендов најавуваат прекрасно и сончево време, па тоа нека ви биде инспиративен стимул кој ќе ја разбуди вашата модна фантазија. Доколку се двоумите што да облечете за викендов, а имате важна свеченост, модната куќа Елена Лука и денес ви предлага два прекрасни стајлинзи во кои ќе блеснете преку ден, но и за време на ноќта.

Елена Лука за преку ден да ви предлага фустан во стилот на принцезите од бајките. Станува збор за модел чиј горен дел е во форма на срце корсет, целосно изработен од бел сатен. Долниот дел, е здолниште во А-крој, изработено од сатен и тул во сива нијанса, за да се постигне волуменозност на кројот. За да се нагласи впечатливоста на дизајнот  по должината на фустанот е аплицирана тантела во форма на ситни цветови. Оваа креација комбинирајте ја со чевли на висока потпетица во беж боја.

За вашиот вечерен стајлинг модната куќа Елена Лука ве советува да одберете црна тоалета со елегантен крој. Горниот дел од фустанот е изработен од црн сатен, а за да се постигне лелеав изглед долниот дел е целосно изработен од жоржет. Уникатноста на дизајнот е нагласена со апликацијата на црвена тантела која е прицврстена на кадифени ленти во Т-форма во пределот околу деколтето.

Секоја недела раскажуваме модни приказни кои благодарение на Елена Лука стануваат реалност. Не чекајте, бидете главна хероина во вашата приказна и заедно со Елена Лука исткајте уште многу заеднички моменти.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија