Роси Хантингтон Вајтли е дефинитивно една од најубавите манекенки на светот, но и дама со спектакуларен и непогрешлив стил.

Покрај тоа што е успешен модел, таа е и основачка на брендот за козметика Rosie Inc., па благодарение на нејзиниот Инстаграм профил, често можеме да уживаме во нејзините комбинации за на деловните состаноци.

Таа е подеднакво стилска и во нејзиното слободно време, а ова лето на Инстаграм е вистинска сензација со комбинациите што ги прави.

Манекенката и повеќе од успешно комбинира основни и тренди парчиња за совршен изглед за бројните летни пригоди.

Секоја комбинација што таа ќе ја објави е одраз на женственост и комфор, а истите секогаш ги украсува со неодоливи модни додатоци, чевли и накит.

Роси на уникатен начин комбинира светли фармерки со висок струк и елегантна кошула со интересен принт, свечен фустан со интересен балонер за вечерни излегувања, впечатливи фустани со шик бели потпетици и што уште не.

Што и да носи, таа го прави тоа на беспрекорен начин, па затоа Роси Хантингтон Вајтли е и повеќе од инспирација за жените ова лето.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
31 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.073 пати