Бекам со маички за борба против ХИВ
•
30 ноември 2015
Викторија Бекам оваа година ќе ја дизајнира лимитираната колекција маички по повод утрешниот Меѓународен ден за борба против ХИВ.

Викторија, која е еден од амбасадорите, покрај маичките, дизајнираше и панделка и приврзок за клучеви.
-Светот се обврза да ја запре епидемијата на СИДА, како една од целите на Обединетите Нации и верувам дека тоа е навистина можно – изјави Бекам.

Цените се движат од 1.50 долар за панделката, 248 долари за приврзокот за клучеви, 135 долари за маица.


Производите се достапни во бутикот на Бекам во Лондон, како и онлајн на victoriabeckham.com.