Берлин се подготвува за модна недела

24 јуни 2014

Mercedes_Benz_Fw

Два пати во годината, Берлин ги отвора вратите за љубителите на модата, како и оние директно вклучени во неа. Во текот на берлинската модна недела, модните ентузијасти, купувачи, маркет експерти и медиуми создаваат интерацкија за време на модните шоу-а, како и наградните церемонии.

Оваа година, летното издание на Mercedes-Benz Fashion Week Berlin ќе се одржи од 8 до 13 јули. Во рамки на овие шест дека ќе се одржи и традиционалниот саем насловен како Bread&Butter, на кој изложуваат брендови за улична и урбана облека, кој пак ќе трае од 8 до 10 јули.

Агендата на модната недела вклучува шоу-а посветени на „зелената мода“, па токму затоа ќе бидат претставени и најновите трендови кога е еколошкиот дизајн во прашање.

Пред да започне модната недела во Берлин, ќе уживаме во модните претставувања на дизајнерите на модната недела во Париз за мажи која почнува веќе од утре, а ќе трае до 29-ти јуни. Во Амстердам од 4 -ти до 14-ти јули се одржува Модната Интернационална недела, додека пак, од 6-ти до 11-ти јули ќе имаме можност да ги видиме новитетите од светот на Високата мода во Париз.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Актуел