Би носеле ли Ленд ровер?

29 март 2014

5960007-large

Британските брендови „Ленд Ровер“ и „Барбур“ се впуштија во заедничка авантура. Се работи за колекција облека, која за познатиот произведувач на автомобили ќе биде секако прва.

Во линијата која ќе се вика „Barbour for Land Rover“ ќе се најдат парчиња и за мажи и за жени, но и додатоци како шапки, марами, патни торби...

-Оваа колекција би требало да ги привлече љубителите на двата бренда и да покаже дека стилот и функционалност можат да одат рака под рака, што софистицираните, модерни и проверени производи и ќе го покажат. Креациите ќе бидат со модерен крој, но прошарано со традиционални мотиви. Најголемиот број на парчиња ќе бидат направени од микс на волна и кожа - велат од Ленд Ровер.

5960002-large5960008-large

Објавено:
29 март 2014
Категорија: 
Актуел