Jaguar XE – „супер херојот“ на парискиот моден маратон

24 септември 2014

Пред само неколку месеци „Jaguar Land Rover“, го најави лансирањето на новата глобална маркетинг кампања насловена „Feel XE“, наменета за да се совпадне со презентацијата на новиот спортски седан „Jaguar XE“. Во креирањето на овој проект вклучени се три познати личности од светот на модата, филмот и музиката. Главните улоги им беа доделени на пејачката Емели Санде, актерката Идриз Алба и британската модна дизајнерка Стела Мекартни.

Делот во кој беше инволвирана Стела Мекратни според многумина е и најкреативниот, бидејќи дизајнерката препуштена целосно на својата модна фантазија успеа да го „облече“ во  специфичен супер херојски дизајн новото возило. Црната совршено измазнета површина и софистицирана линија на автомобилот е прекриена со принтот едноставно наречен „Супер херој“. Всушност токму „Jaguar XE“, ќе биде и официјалниот автомобил кој ќе го извози годинешниот париски моден маратон кој ќе трае се до први октомври.

Официјалната промоција на новото возило е закажана за 4-ти октомври во рамките на саемот за автомобили кој ќе се одржи во Париз каде сите вљубеници во ова ремек дело ќе можат да ги откријат неговите перформанси и да дознаат повеќе за новиот „супер херој“ кој ќе ги освојува улиците ширум светот.

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Актуел