Геометриски кроеви и детали сведени на минимум. Основни форми кои ја пренесуваат новата идеја на женската елеганција. Белото палто стана симбол на женска униформа која се однесува на жените кои живеат во метрополата на иднината.
Белото палто нуди широк спектар на комбинирање креативно смислени стајлинзи, инспирирани од машкиот изглед на софистицираниот стил на Грета Гарбо, која ова палто го носеше особено со панталони, за потоа Нина Ричи да почне да го вметнува како неизоставна комбинација со молив здолниште, со цел да ја нагласи женската силуета.
Трансформацијата на белото палто низ годините доживува вистинска револуција. Александро дел Аква го промовира во геометриски слоевити дизајни, Стела Мекратни го става во категоријата на лежерни и предимензионирани комбинации, останувајќи му доследна на класичниот крој, а Валентино пак му вметнува гламурозен шарм ставајќи го во категоријата на женствени дамски парчиња. Како би го комбинирале вие?