Кејти Холмс и Ана Винтур почесни гости на забавата во чест на најдобрите сурфери

25 јули 2014

Кејти Холмс, Кели Слатер, Стефани Гилмор, Кортни Конлог и Коко Хо Кејти Холмс, Кели Слатер, Стефани Гилмор, Кортни Конлог и Коко Хо

Изминатата ноќ, голем број славни и ВИП личности се собраа за да им оддадат почит на дел од најголемите сурферски имиња во светот. На коктел забавата која ја организираше Асоцијацијата на професионални сурфери, беа присутни, поранешната сопруга на Том Круз, актерката Кејти Холмс, највлијателната жена во модната индустрија, Ана Винтур и многу други.

Кејти Холмс Кејти Холмс

Изгледа дека спортот и модата никогаш не биле во толку силна врска, ако се земе предвид фактот дека онлајн платформата Net-a-porter, неодамна ја лансираше рубриката Net-a-sporter, Вивиен Вествуд, дизајнираше колекција за џокеи, а Стела Мекратни ги облече олимпијците.

Ана Винтур и Џорџина Чапман Ана Винтур и Џорџина Чапман

ВИП – гостите им се придружија на Винтур и на Холмс на покривот на Џејмс хотелот во Њујорк. Домаќин на забавата беше филмскиот ветеран Харви Вајнштајн, кој наскоро ќе го лансира својот нов филм „The Giver“, во кој глуми заедно со Холмс.

Сите фотообјективи беа свртени кон преубавата Холмс која на забавата се појави во бел коктел фустан, дело на Нина Ричи.

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Сцена