Сестрите Олсен триумфираа на годинешниве CFDA награди

2 јуни 2015

Вчеравечер во Њујорк беа доделени традиционалните награди  на Советот на американски модни дизајнери (CFDA), еден од најзначајните настани во модната индустрија што се поистоветува со Оскарите во сферата на филмот.

Сестрите Мери Кејт и Ешли Олсен кои го создадоа заедничкиот бренд The Row, жирито ги препозна како најинвентивни дизајнерки во делот на женската мода.

Том Форд пак, доби признание за најдобар дизајнер за машка облека, додека според CFDA најоригиналните модни додатоци за оваа година ги дизајнирала Табита Симонс.

Бетси Џонсон пак ја доби почесната награда за животно достигнување.

Овој настан чиј генерален спонзор е луксузниот бренд Сваровски, беше причината која на едно место го собра кремот на шоу бизнисот и модните инсајдери. Меѓу нив,  на црвениот килим продефилираа: Викторија Бекам, Карли Клос, Џиџи Хадид, Дајан Кругер, Кејти Холмс, Џулиет Луис, Кели Озборн, Фарел Вилјамс, секако и Ана Винтур и многу други.

 

 

Објавено:
2 јуни 2015
Категорија: 
Сцена