Советот на американски модни дизајнери на чело со Дијан фон Фурстенберг, вчера ги објави номинираните за престижните модни награди CFDA.
И оваа година во категоријата за најдобри дизајнери на женска облека се номинирани Марк Џејкобс и Џозеф Алтузара, а нова конкуренција се и сестрите Олсен со нивниот бренд The Row, но и Џек Мекало и Лазаро Хернандез од модната куќа Проенза Скулер.
Во категоријата за најдобар дизајнер на машка облека и оваа година се натпреваруваат Дао Ји Џо и Максвел Озборн (Public School), Дејвид Невил и Маркус Вејнрајт (Rag&Bone), Том Браун и Тим Копенс од Том Форд.
Дизајнерката Бетси Џонсон ќе ја добие наградата за животно дело што го носи името на Џефри Бин, а Марија Гразија Кјури и Пјерпаоло Пишоли од „Валентино“ ќе добијат интернационална награда за дизајн.
Генерален спонзор на овие престижни награди кои важат за пандан на Оскарите во модната индустрија е луксузната куќа Сваровски, која секоја година селектира млади и надежни дизајнери во категориите за женска и машка облека.
Наградите свечено ќе бидат доделени на први јуни во Линколн Центарот во Њујорк.