Дознајте кои се најуспешните дизајнери за 2013 година

4 јуни 2013

Ралф Лорен ѝ ја врачува наградата за животно дело на Вера Ванг Ралф Лорен ѝ ја врачува наградата за животно дело на Вера Ванг

Во њујоршкиот Линколн центар вчера се одржа доделувањето на модните награди од Aмериканскиот совет на модни дизајнери (CFDA). Во најинтересната категорија, за најдобри дизајнери на женска облека им припадна на двојката Лазаро Хернандез и Џек Меколоу кои дизајнираат за брендот  Проенца Шулер.

Во последните десет години оваа дизајнерска двојка победи дури пет пати. Нивните креации со големо воодушевување го носат ѕвездите од А листа, како Кирстен Данст, Ријана, Алекса Чунг, а вчера се прогалсени за најдобри во конкуренција со Марк Џејкобс и Алексанер Ванг.

За најдобар дизајнер на машка облека оваа година е Том Браун, додека Филип Лим ја зема наградата за најдобар дизајнер на аксесоари. Дизајнерот на Живанши, Рикардо Тиши е најдобриот интернационален дизајнер.

Секоја година во рамки на CFDA наградите се доделуваат и наградите за талентирани и мади дизајнери што ги спонзорира Сваровски. Годинешниве лауреати се Макс Остервајс и Ерин Бити за женската колекција на брендот Суно, Даи Ји Чоу и Максвел Осборн за машките колекции на брендот Паблик Скул, како и Памела Лов, за најдобра дизајнерка на накит.

Наградата Џефри Бин, за животно дело, Ралф Лорен ѝ ја врачи на Вера Ванг, додека модниот критичар Тим Бланкс ја прими „Медиа награда“-та која му ја додели топмоделот од 1990-тите, Линда Еванџелиста. Најголемо изненадување на вечерта беше доаѓањето на Првата дама на Америка, Хилари Клинтон, која е долгогодишна пријателка со дизајнерот Оскар де ла Рента.

Хилари Клинтон Хилари Клинтон

Токму Клинтон му ја врачи на дизајнерот наградата „Еленор Ламберт“ со зборовите:

-Едноставно, тој е американска икона. Неговиот стил и личност ја збогатија нашата култура и ја обликуваа индустријата со години наназад. Неговото име само за себе евоцира елеганција и безвременска убавина, а неговиот дизајн ни дав на секој од нас  чувство дека е посебен- рече Хилари.

За оваа посебна прилика, дамите носеа посебни тоалети. Кој што носеше, погледнете во глаеријата.

Објавено:
4 јуни 2013
Категорија: 
Актуел